ЃОКОВИЌ ВЕЌЕ НЕМА ДА ИГРА ГОДИНАВА

    ЃОКОВИЌ ВЕЌЕ НЕМА ДА ИГРА ГОДИНАВАСрпскиот тенисер се предаде во четврт-финалето на Вимблдон против Томаш Бердих на 12 јули. Тогаш кажа дека има проблем со лактот веќе година и пол.(Фото: Ројтерс)

    12-кратниот гренд слем победник Новак Ѓоковиќ веќе нема да игра во 2017 година поради повреда на лактот. Поранешниот светски рекет број еден се предаде во четврт-финалето на Вимблдон против Томаш Бердих на 12 јули. Тогаш кажа дека има проблем со лактот веќе година и пол.
    „Професионално, ова не беше лесна одлука за мене, но се обидувам да гледам на позитивната страна“, кажа српскиот тенисер, кој во моментов е на четвртото место на АТП-листата,

    Ѓоковиќ кажа дека ќе го поминува времето додека паузира, работејќи на физичката подтовеност и на силата, како и на делови од неговата игра на кои што им треба подобрување.
    „Сакам да играм професионален тенис уште многу години. Сите доктори што ги консултирав, сите специјалисти што ги посетив, во Србија и низ целиот свет, сите се согласија дека ваквата повреда бара одмор. Подолга пауза од спортот е неизбежна. Мојот лакт ме боли од премногу играње и ме мачи постојано кога сервирам, а сега и кога играм форхенд. Моето тело има граница и јас морам да го почитувам тоа“, напиша Ѓоковиќ на Фејсбук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира