ГРАД СО 13.000 ЖИТЕЛИ ЌЕ ИМА КЛУБ ВО ГЕРМАНСКАТА БУНДЕСЛИГА

    ГРАД СО 13.000 ЖИТЕЛИ ЌЕ ИМА КЛУБ ВО ГЕРМАНСКАТА БУНДЕСЛИГАЕлверсбергиграше во регионалната, четврта лига во сезоната 2021/22 (Фото: Гети)

    Елверсберг ќе биде еден од најмалите клубови кои играле во германската Бундеслига, откако обезбеди пласман во елитниот ранг со победата над Пројсен Минстер со 3:0. Со само 13.000 жители, Спајсен-Елверсберг ќе биде најмалиот град со клуб во Бундеслигата.

    Ова е негова трета промоција во повисок ранг во последните пет години и доведе до огромна прослава на стадионот кој собира 10.000 гледачи.

    Клубот основан во 1907 година играше во регионалната, четврта лига во сезоната 2021/22, а до 2023/24 никогаш не играл ни во втората лига. Стадионот се реновира за 30 милиони евра за да ги исполни барањата на Бундеслигата, па капацитетот ќе биде проширен на 15.000 гледачи до пролет 2027.

    Главен спонзор на клубот е фармацевтската компанија „Урсафарм“, но и стотици други локални фирми се вклучија во спонзорирањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира