Манчестер сити конечно ги оправда повеќегодишните скапи инвестиции во својата екипа откако за првпат ја освои Лигата на шампионите, победувајќи го Интер со 1:0 во финалето во Истанбул. Проектот што Пеп Гвардиола почна да го создава пред седум години ја завршува најдобрата сезона во историјата на клубот со тројна круна, откако претходно беа освоени и Премиерлигата и ФА купот.
На мечот без многу шанси, единствениот погодок го постигна Родри во 68. минута. Во продолжението, Фоден имаше извонредна шанса да го удвои водството на Сити и да го реши мечот предвреме, а на другата страна, Димарко погоди пречка, додека Лукаку во завршните минути не успеа одблиску да го совлада Едерсон.