ХАМИЛТОН СЕ ИЗРАМНИ СО ПРОСТ И ФЕТЕЛ СО ЧЕТВРТАТА ТИТУЛА ВО ФОРМУЛА 1

    ХАМИЛТОН СЕ ИЗРАМНИ СО ПРОСТ И ФЕТЕЛ СО ЧЕТВРТАТА ТИТУЛА ВО ФОРМУЛА 1Пред него се само уште Фанџо и Шумахер. - Луис Хамилтон (Фото: Гети)

    Луис Хамилтон (Мерцедес) ја освои четвртата титула светски првак во Формула 1, иако заврши на деветтото место на трката за Големата награда на Мексико, на којашто славеше Макс Ферстапен (Ред бул).

    Тој го надмина Џеки Стјуарт и стана најуспешниот британски возач на сите времиња, а во бројот на Ф-1 титули се израмни со Ален Прост и со Себастијан Фетел, кој оваа сезона му беше најголем ривал. Пред 32-годишниот Хамилтон остануваат само Хуан Мануел Фанџо (пет титули) и Михаел Шумахер (седум).

    Хамилтон и Фетел се судрија во првиот круг, при што на Британецот му пукна гума и откако се врати на патеката, долго време возеше како последнопласиран. Фетел на крајот заврши на четвртото место, недоволно да ја продолжи неизвесноста во преостанатите две трки од сезоната. Хамилтон сега има недостижни 56 бода повеќе од Фетел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира