ХРВАТСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ 5 ЧАСА ПАТУВАА ОД АЕРОДРОМОТ ДО ПЛОШТАДОТ, ГИ ПРЕЧЕКАА 350.000 ЛУЃЕ

    ХРВАТСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ 5 ЧАСА ПАТУВАА ОД АЕРОДРОМОТ ДО ПЛОШТАДОТ, ГИ ПРЕЧЕКАА 350.000 ЛУЃЕОд аеродромот во Загреб до главниот плоштад има 25 километри, но патувањето траеше со часови оти илјадници граѓани ги поздравуваа фудбалерите по улиците, неколку пати го застануваа автобусот(Фото: Индекс)

    Околу 350.000 граѓани излегоа на улиците и главниот плоштад во Загреб да ги пречекаат хрватските фудбалски репрезентативци кои се вратија дома со сребрен медал од Светското првенство во Русија.

    Поради големата гужва низ улиците околу 19 часот автобусот со фудбалерите застана во пожарникарската станица во центарот на Загреб, за играчите да се освежат (Фото: Индекс)

    Фудбалерите речиси 5 часа патуваа со панорамскиот автобус од загребскиот аеродром „Д-р Фрањо Туѓман“ до плоштадот Бан Јелачиќ каде се одржува прославата. Загребскиот аеродром е одалечен од главниот плоштад 25 километри, но патувањето траеше со часови оти илјадници граѓани ги поздравуваа фудбалерите по улиците, неколку пати го застануваа автобусот и не дозволуваа тој да помине.

    На плоштадот Бан Јелачиќ кој е преполн уште од 15 часот, нема вода, дуќаните не работат па испратени се цистерни со вода (Фото: Индекс)

    Поради големата гужва низ улиците, околу 19 часот автобусот со фудбалерите застана во пожарникарската станица во центарот на Загреб, за да се освежат играчите. На плоштадот Бан Јелачиќ кој е преполн уште од 15 часот, нема вода, дуќаните не работат па испратени се цистерни со вода. Интервенирала и Брзата помош и според информациите на хрватските медиуми, околу 500 луѓе побарале помош.

    Низ Загреб владее вистинска лудница, луѓе се качени по кровови, тераси и насекаде се развеани хрватски знамиња.

    Улицата која води до плоштадот е преполна со граѓани кои пејат песни заедно со фудбалерите кои ги поздравуваат од отворениот автобус. Со полициски возила се прави место меѓу луѓето за да може автобусот да мине, но и покрај тоа тој се движи многу бавно.

    На плоштадот фудбалерите стигнаа околу 20.45 часот, пречекани со огномет, факели и извици „шампиони, шампиони“, „Хрватска, Хрватска“ како и хрватски патриотски песни.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира