ХУЛИГАНИ УПАДНАА МЕЃУ НАВИВАЧИ НА ПАРТИЗАН, ПА ДОБИЈА ЌОТЕК И ГИ СОБЛЕКОА ПО ГАЌИ

    ХУЛИГАНИ УПАДНАА МЕЃУ НАВИВАЧИ НА ПАРТИЗАН, ПА ДОБИЈА ЌОТЕК И ГИ СОБЛЕКОА ПО ГАЌИУште не се знае кој се степал на трибините: навивачите на Партизан и Звезда или две навивачки фракции на Партизан (Фото: Блиц)

    Најголемото српско фудбалско дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда (1:1) повторно го засенија хулигани, кои по тепачката на трибините во првото полувреме, разголени беа испратени од полицијата од стадионот.

    Според српските медиуми, уште не се знае точно кој се степал во 40. минута од средбата: според една верзија, навивачите на Звезда упаднаа на јужна трибина и се судрија со „гробари“, а според друга, две навивачки фракции на Партизан се степаа меѓу себе.

    Мечот за кратко мораше да биде прекинат за да се изведат претепаните хулигани од стадионот (Фото: Старспорт)

    На трибината во тој момент немало полиција, а по десетминутна жестока тепачка, подебелиот крај го извлекоа напаѓачите. Тие не само што беа претепани, туку беа соблечени по гаќи и палени со факели. Специјалците потоа, конечно, интервенираа и мечот за кратко мораше да биде прекинат, за да се изведат претепаните навивачи од стадионот.

    Двете навивачки групи и претходно се провоцираа, фрлајќи факели едни кон други, при што бил повреден еден навивач на Партизан. Тој бил одвезен од стадионот со амбулантно возило.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира