Барселона објави дека мечот од Лигата на шампионите со Наполи, закажан за 18 март, ќе го игра зад затворени врати на „Камп ноу“ поради грижите околу коронавирусот.
„Одлуката е донесена чисто од здравствени причини“, изјави Џоан Гуиш, шефот за здравство во каталонската влада.
Тоа е втор шпанско-италијански дуел од осминафиналето што ќе се игра пред празни трибини, по Валенсија-Аталанта, кој е на програмата денеска. Гледачи нема да има ниту на утрешниот дуел ПСЖ-Борусија Дортмунд, исто како и на средбата од Лига Европа Хетафе-Интер.
Целиот спорт во Италија е суспендиран до 3 април откако синоќа беше прогласен национален карантин.