И ИВАНИШЕВИЌ СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОРОНАВИРУС НА ТЕНИСКИОТ ТУРНИР НА ЃОКОВИЌ ВО ЗАДАР

    И ИВАНИШЕВИЌ СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОРОНАВИРУС НА ТЕНИСКИОТ ТУРНИР НА ЃОКОВИЌ ВО ЗАДАРИванишевиќ го бранеше Ѓоковиќ откако коронавирусот се прошири на турнирот Адрија тур (Фото: Пиксел)

    Хрватската тениска легенда Горан Иванишевиќ е последниот учесник на тенискиот турнир Адрија тур во Задар кој имал позитивен тест на коронавирус. Иванишевиќ, кој му е тренер на Новак Ѓоковиќ, кажа дека претходно двапати имал негативен тест.

    „По два негативни теста во последните 10 дена, дознав дека денешниот, трет тест е позитивен на коронавирус. Се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Продолжувам со претходно почнатата самоизолација“, напиша Иванишевиќ на Инстаграм.

    Серијата Адрија тур беше прекината во неделата во пресрет на финалниот меч во Задар, откако Григор Димитров објави дека е заразен. По него, позитивен тест имаа и играчите Борна Ќориќ, Виктор Троицки и Новак Ѓоковиќ, како и уште двајца тренери. Иванишевиќ беше директор на турнирот во Задар и исто така беше снимен како се забавува со Ѓоковиќ во ноќните клубови, но и се дружеше со хрватскиот премиер Пленковиќ, кој претходно одби да оди во изолација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира