И ВЛАДАТА МУ ДОДЕЛИ МИЛИОН ДЕНАРИ НА АЛИЛИ ЗА ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА ВО БОРЕЊЕ

    И ВЛАДАТА МУ ДОДЕЛИ МИЛИОН ДЕНАРИ НА АЛИЛИ ЗА ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА ВО БОРЕЊЕАлили стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми на првенството за кадети во Фиренца, Италија.

    На денешната седница, Владата донесе одлука да му додели еден милион денари на Бесир Алили за европската шампионска титула во борење. Дополнително, 300 илјади денари од Владата ќе добие неговиот тренер.

    Претходно денеска, Агенција за млади и спорт (АМС) соопшти дека ќе го награди новиот европски првак во борење Алили со еден милион денари. Директорот на АМС, Дарко Каевски денеска организираше прием во чест на Алили, а младиот борач беше на прием и кај скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој, исто така, најави парична помош за Алили и неговиот клуб „Лирија“.

    Алили, член на боречкиот клуб „Лирија“, во саботата стана првиот македонски борач кој освоил злато на европско првенство за кадети, откако во Фиренца славеше во категоријата до 48 килограми-слободен стил.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари