Златан Ибрахимовиќ повторно ќе го облече дресот на Манчестер јунајтед, откако потпиша едногодишен договор.
Триесет и петгодишниот напаѓач стана слободен играч во јуни, откако поради тешка повреда на коленото одби да го продолжи договорот со најтрофејниот англиски клуб, но неговото враќање на терените ќе се случи побрзо од очекуваното. Сепак, тренерот Жозе Мурињо ќе може да смета на него дури од декември.
„По неговиот придонес минатата сезона, тој ја заслужи нашата доверба и се исплати да се чека на неговото враќање“, изјави Мурињо.
Ибрахимовиќ имаше одлична дебитантска сезона во англиската Премиерлига, постигнувајќи 28 гола на 46 натпревари.