ИГОР ДИМОВСКИ И НЕВЕНА ПОПОСКА ПОБЕДИЈА НА ПРВИОТ АКВАТЛОН ВО МАКЕДОНИЈА

    ИГОР ДИМОВСКИ И НЕВЕНА ПОПОСКА ПОБЕДИЈА НА ПРВИОТ АКВАТЛОН ВО МАКЕДОНИЈААкватлон е мултиспортска дисциплина која се состои од елементи на континуирано трчање и пливање. (Фото: Охрид ТрчаТ)

    Игор Димовски победи во машка конкуренција на првиот Акватлон во Македонија, кој денеска се одржа во Охрид, во организација на „Охрид ТрчаТ“. Патеката од „Кј Довоно“ до „Куба Либре“ тој ја помина за 15:15 минути, пред Евгениј Поп Ацев со време од 15:19 и Кирил Дически со 16:08. Во женска конкуренција првото место го освои Невена Попоска со време од 26:08 минути, пред Марија Наумоска со 30:31.

    Акватлон е мултиспортска дисциплина која се состои од елементи на континуирано трчање и пливање. Натпреварувачите завршуваат со пливање по што веднаш следи трчање на различни растојанија. Спортистите се натпреваруваат за најбрзо комплетно завршување на патеката, вклучувајќи го и времето на транзиција помеѓу дисциплините.

    .Во категоријата Мастерс, во машка конкуренција победи Миомир Алексиовски со време од 17:11 минути, додека во женска конкуренција најбрза беше Елизабет Каител со време од 22:00 минути.

    Покрај категориите сениори и Мастер, имаше натпревар и во категориите кадети, јуниори и деца.

    Вкупно, на акватлонот во Охрид учествуваа 130 натпреварувачи.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира