ИКЕР КАСИЉАС В БОЛНИЦА ПО СРЦЕВ УДАР НА ТРЕНИНГ

    ИКЕР КАСИЉАС В БОЛНИЦА ПО СРЦЕВ УДАР НА ТРЕНИНГПорто објави дека состојбата на Касиљас е стабилна (Фото: Ројтерс)

    Легендарниот шпански голман Икер Касиљас беше однесен в болница откако претрпел срцев удар на тренинг-игралиште на Порто, објави клубот. Триесет и седумгодишниот Касилјас сега е стабилен и неговата состојба се набљудува.

    Како еден од најдобрите голмани во 20. век, Касиљас освои светска и две европски титули со репрезентацијата на Шпанија, како и голема низа трофеи со Реал Мадрид, вклучувајќи ја Лигата на шампионите трипати.

    „Касиљас претрпе акутен миокардичен инфаркт за време на утринската сесија во тренинг-центарот во Оливал. По укажаната лекарска помош на самото место, тој моментално се наоѓа во болницата во Порто. Тој е добро и стабилно и неговите срцеви проблеми сега се решени“, се вели во соопштението на клубот.

    Реал Мадрид му ја прати „целата храброст на овој свет“ на својот прославен голман.

    „Реал Мадрид сака да му ја испрати целата своја поддршка на својот омилен капитен. Тој многупати ни докажал дека е посилен од сите предизвици што стојат пред него и затоа му посакуваме што побрзо да заздрави“, соопшти „кралскиот клуб“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира