ИНДИСКА ОЛИМПИЈКА БОЈКОТИРА ШАМПИОНАТ ВО ИРАН, ОДБИВА ДА НОСИ ХИЏАБ

a:1:{s:9:"td_source";s:46:"ЊуДелхи,(ХафингтонПост)

    ИНДИСКА ОЛИМПИЈКА БОЈКОТИРА ШАМПИОНАТ ВО ИРАН, ОДБИВА ДА НОСИ ХИЏАБ

    Индиската стрелачка Хина Сиду се повлече од Азискиот шампионат во стрелаштво во Иран поради правилото на домаќинот кое ги принудува женските натпреварувачи да носат хиџаб. Таа вели дека на шампионатот ќе има спортисти со различни религии, потекла, полови и националности, па не е во духот на спортот да тераш некого да носи хиџаб наспроти неговата волја.

    Сиду, која настапи на Олимписките игри во Рио годинава, ги сподели нејзините гледишта на Твитер.

    „Јас не сум револуционер. Но мислам дека задолжителното носење хиџаб за спортистите не е во духот на спортот“, напиша Индијката на социјалната мрежа.

    Азискиот шампионат во стрелаштво треба да се одржи во иранската престолнина Техеран во декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира