Италијанската Серија А планира да ја продолжи сезоната на 13 јуни, за што ќе биде потребно и одобрение од владата.
Водството на лигата преку видеоконференција го договори датумот за продолжување на натпреварите, согласно владини одлуки и медицински протоколи.
Клубовите од Серија А се вратија на тренинг во почетокот на месецот, но играчите смеат да работат индивидуално. Колективни тренинзи ќе бидат дозволени од понеделник.
Лигата беше прекината на 9 март и преостанува да се одиграат уште 12 кола. Италија е една од најтешко погодените европски земји од пандемијата, при што имаше и заразени фудбалери. Минатата недела, тројца фудбалери на Фиорентина и еден на Торино имаа позитивен тест.