ЈАПОНСКИТЕ НАВИВАЧИ ВО СОЛЗИ ГО СОБРАА ЃУБРЕТО ОД ТРИБИНИТЕ ПО ПОРАЗОТ ОД БЕЛГИЈА

    ЈАПОНСКИТЕ НАВИВАЧИ ВО СОЛЗИ ГО СОБРАА ЃУБРЕТО ОД ТРИБИНИТЕ ПО ПОРАЗОТ ОД БЕЛГИЈАЈапонските фанови се освојувачи на Светското првенство (Фото: Шатерсток)

    Јапонската репрезентација ја доживеа најтрагичната елиминација од Светското првенство во Русија, откако прими гол од Белгија во 94. минута од нивниот осминафинален дуел, но тоа не беше пречка нејзините фанови уште еднаш да се покажат во најубаво светло.

    Иако во солзи по поразот од 2:3, јапонските навивачи останаа на трибините на „Ростов арена“ за да го соберат ѓубрето, нешто што го правеа и по сите други натпревари на популарните „сини самураи“.

    Тие не само што го собираа ѓубрето, туку на натпреварите доаѓаа со свои ќеси, изнудувајќи огромна почит на социјалните мрежи.

    „Јапонските фанови се освојувачи на Светското првенство“, напиша еден корисник на Твитер.

    И не беа само навивачите еколошки освестени. Иако скршени по поразот од Белгија, и фудбалерите ја исчистија и светнаа својата соблекувална по средбата во Ростов на Дон.

    И играчите си ја светнаа соблекувалната по елиминацијата од СП

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира