ЈУЖНОАФРИКАНСКИОТ ФУДБАЛЕР ЏЕЈДЕН АДАМС ПОЧИНА НА 25 ГОДИНИ ПО НАСТАПОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    ЈУЖНОАФРИКАНСКИОТ ФУДБАЛЕР ЏЕЈДЕН АДАМС ПОЧИНА НА 25 ГОДИНИ ПО НАСТАПОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОАдамс настапи на трите натпревари од групната фаза на Светското првенство. (Фото: Инстаграм)

    Репрезентативецот на Јужна Африка и фудбалер на Мамелоди Сандаунс, Џејден Адамс, почина на 25-годишна возраст, само неколку недели по неговото учество на Светското првенство.

    Адамс настапи на трите натпревари од групната фаза на турнирот, каде неговата селекција стигна до елиминационите борби и претрпе пораз во шеснаесетфиналето од Канада.

    Министерот за спорт, уметност и култура на Јужна Африка, Гејтон Мекензи соопшти дека јужноафриканскиот фудбал изгуби еден од своите најсветли млади таленти и дека нацијата тагува заедно со неговото семејство, соиграчите и навивачите кои го следеа неговиот развој од фудбалската академија до репрезентативниот дрес.

    Полицијата во Јужна Африка отвори истрага откако телото на младиот фудбалер беше пронајдено во куќа во предградие на Кејптаун. Мекензи додаде дека причината за смртта сè уште не е потврдена и побара од јавноста и медиумите да се воздржат од спекулации за да им се остави приватност на семејството и клубот во овие тешки моменти. Сите официјални информации ќе бидат пренесени од соодветните органи.

    Во текот на кариерата, Адамс играше за Стеленбош, а во јануари 2025 година премина во Мамелоди Сандаунс, каде ги освои титулите во домашното првенство и во африканската Лига на шампиони. Тој беше дел и од тимот што стигна до полуфиналето на Африканскиот куп на нации во 2023 година, по што доби повик од селекторот Хуго Брос за Светското првенство, каде тимот оствари историски успех со пласманот во нокаут-фазата. На првенството, тој започна во првиот состав против Чешка, иако само неколку часа пред натпреварот дозна дека му починала бабата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира