КАЛИН ИВАНОВСКИ ЌЕ ИГРА ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА ЈУНИОРСКИОТ ВИМБЛДОН

    КАЛИН ИВАНОВСКИ ЌЕ ИГРА ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА ЈУНИОРСКИОТ ВИМБЛДОНИвановски ќе се бори за полуфиналето со Шпанецот Роденас (Фото: Би-Би-Си)

    Младиот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на јуниорскиот дел на Вимблдон, откако денеска го совлада Литванецот Едас Бутвилас со 6:4, 5:7, 6:0. Неговиот следен противник ќе биде Шпанецот Педро Роденас.

    Ова е трета победа за 18-годишниот Ивановски во досегашниот дел од турнирот, откако претходно ги елиминираше Британецот Пау и Мексиканецот Пачеко.

    Ивановски го привлече вниманието на тениската јавноста со необичниот ас со кој ја потврди победата над Пачеко, кого го изненади со сервис пласиран меѓу своите нозе. Британскиот весник „Мирор“ потсети дека ваков потег претходно имаат изведено и Ник Кирјос и Енди Мареј.

    Ова е најголемиот успех во кариерата на Ивановски, кој досега никогаш не го поминал првото коло на гренд слем турнирите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира