Канада е прва земја која ги повлече своите спортисти од претстојните Олимписки и Параолимписки игри во Токио, чие одложување станува сѐ поизвесно.
Ова уследи набргу откако јапонскиот премиер Шинзо Абе за првпат призна дека Игрите би можеле да бидат одложени. И Олимпискиот комитет на Австралија соопшти дека е јасно дека Олимпијадата нема да се одржи и им навести на своите спортисти да се подготвуваат за 2021 година.
Таа треба да почне на 24 јуни и Јапонија досега одбиваше да размислува за одложување.
„Донесовме тешка одлука за повлекување откако се консултиравме со наши спортисти и спортски групи“, објави Канадскиот олимписки комитет и ги повика Меѓународниот олимписки комитет и Светската здравствена организација да ги одложат Игрите за една година.
Меѓународниот олимписки комитет вчера кажа дека одлуката ќе биде донесена во наредните четири недели, додавајќи дека одложувањето е едно од сценаријата.