КАРАТИСТОТ ЕМИЛ ПАВЛОВ ОСВОИ БРОНЗА ВО СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРЛИГА И ДОЈДЕ ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО

    КАРАТИСТОТ ЕМИЛ ПАВЛОВ ОСВОИ БРОНЗА ВО СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРЛИГА И ДОЈДЕ ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИОЕдна година немаше настапи поради пандемијата. - Емил Павлов (десно) со тренерот Сашко Арсовски

    Емил Павлов освои бронзен медал на натпреварот од Светската премиерлига во карате што се одржа во Истанбул и дојде чекор поблиску до Олимпијадата во Токио.

    Во конкуренција на 300 натпреварувачи во категоријата до 60 килограми, Павлов успеа да го освои третото место, победувајќи претставници од Казахстан, Азербејџан, Шпанија и Јордан, а во борбата за медал го совлада Казахстанецот Казаир со 4:1

    „Пеколно се подготвувавме за Истанбул. Претходно имавме силен турнир во Дубаи. Ова е голема победа за Емил, но и за Македонија, затоа што една година немавме настапи поради пандемијата. Сега сите сили се свртени кон квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио, што треба да се одржи во Париз“, изјави тренерот на македонската репрезентација Сашко Арсовски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира