КАТАР ЌЕ ДОЗВОЛИ ПИЕЊЕ ПИВО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ОДРЕДЕНИ ПЕРИОДИ

    КАТАР ЌЕ ДОЗВОЛИ ПИЕЊЕ ПИВО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ОДРЕДЕНИ ПЕРИОДИГодинашното Светско првенство е прво што се одржува во муслиманска земја (Фото: Гети)

    Катар ќе им дозволи на фудбалските фанови да пијат алкохолно пиво за време на претстојното Светско првенство. Пивото ќе смее да се пие три часа пред почетокот и еден час по завршувањето на натпреварите, но не и додека се игра.

    Бадвајзер“, кој ги има ексклузивните права да продава пиво на Мундијалот, ќе смее да точи алкохол во точно одреден периметар околу секој стадион, но не и на трибини или на големи отворени простори.

    Годинашното Светско првенство е прво што се одржува во муслиманска земја со строги контроли за алкохолот, што претставува посебен предизвик за организаторите, имајќи предвид дека голем пивски бренд е спонзор на натпреварувањето, а фудбалските фанови се познати како љубители на пивото.

    Пивото ќе биде достапно по отворањето на вратите, што е три часа пред почетокот на мечевите. Ќе може да се пие и еден час по завршувањето на натпреварите“, изјави извор од организацијата.

    Оттаму додаваат дека цената на пивото допрво ќе биде утврдена.

    Посетителите не смеат да внесуваат алкохол во Катар, дури и ако е купено во аеродромските фришопови, ниту смеат да го купуваат во единствената продавница за алкохол во земјата, која се наоѓа на периферијата на Доха.

    Тие смеат да пијат алкохол само во десетици лиценцирани хотели и клубови, каде што една кригла пиво чини 18 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира