Ултрамаратонката Катерина Шиповиќ постави нов национален рекорд во трчање на 24 часа, откако беше апсолутна победничка на трката на себенадминувањето Шри Чинмој во Белград. Таа истрча дистанца од 211,059 километри за период од 24 часа и го собори рекордот од 2019, кој исто така беше во нејзина сопственост.
Во нејзиниот тим за поддршка беа Дарко Шиповиќ, Виктор Најдовски и Ивана Најдовска.
Минатата година, Шиповиќ стана првата македонска атлетичарка која истрча 246 километри од Атина до Спарта на Спартатлон во Грција, една од најтешките ултрамаратонски трки во светот. Шиповиќ, која се занимава со ултрамаратонското трчање од 2015, ја истрча оваа трка за 34 часа, 36 минути и 12 секунди и заврши на 96. место од околу 380 учесници.