КИНЕСКИ ФАНОВИ ПАЛАТ ДРЕСОВИ НА АРСЕНАЛ ПО КОМЕНТАРИТЕ НА МЕСУТ ОЗИЛ ЗА ТРЕТМАНОТ НА УЈГУРИТЕ

    КИНЕСКИ ФАНОВИ ПАЛАТ ДРЕСОВИ НА АРСЕНАЛ ПО КОМЕНТАРИТЕ НА МЕСУТ ОЗИЛ ЗА ТРЕТМАНОТ НА УЈГУРИТЕКинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Озил бил измамен од лажни вести (Фото: Ројтерс)

    Кинески фанови запалија дресови на Арсенал и го повикаа клубот да го отпушти Месут Озил откако тој јавно ја критикуваше Кина за третманот на муслиманите во земјата.

    Во петокот, бившиот германски репрезентативец на Инстаграм ги опиша Ујгурите како „воини кои се спротивставуваат на прогонот од кинеските власти“, на што го додаде и знамето на краткотрајната република Источен Туркестан, област што денес е под контрола на Кина.

    „Во Кина палат Куран, затвораат џамии и исламски теолошки школи, убиваат религиозни учители. Но, и покрај тоа, муслиманите остануваат мирни“, напиша Озил.

    Неговите зборови предизвикаа гнев во Кина, каде што Арсенал има милиони фанови и кинеската телевизија го откажа вчерашниот пренос од дуелот со Манчестер сити.

    „Озил бил измамен од лажни вести. Многу разочарувачки“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

    На тамошната социјална мрежа Веибо фанови објавија фотографии како палат дрес на Арсенал.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира