КОШАРКАРИТЕ СО АЛЕКСАНДАР ТОДОРОВ КАКО СЕЛЕКТОР ЌЕ БРКААТ ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    КОШАРКАРИТЕ СО АЛЕКСАНДАР ТОДОРОВ КАКО СЕЛЕКТОР ЌЕ БРКААТ ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОТодоров најави дека шанса ќе добијат некои млади играчи (Фото: МИА)

    Александар Тодоров денеска беше промовиран во нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација, функција што досега ја извршуваше Јорданчо Давитков. Четириесет и шестгодишниот Тодоров во кариерата има водено 15-ина домашни и странски екипи, а моментално е тренер на романскиот прволигаш Крајова.

    Како свои главни цели, тој ги истакна пласманот на Европското првенство во 2021 година и подмладувањето на селекцијата.

    „Имаме неколкумина млади играчи кои се успешни во своите клубови, што во домашното првенство, што во странство и тие ќе добијат шанса. Сепак, подмладувањето нема да биде алиби, туку има потреба да им се даде шанса на тие деца, зашто тие ќе бидат костурот на репрезентацијата во иднина“, кажа Тодоров.

    Ако Македонија успее да се пласира на ЕП, договорот на Тодоров ќе биде продолжен до 2025 година. Тој ќе дебитира на новата функција во февруари, кога Македонија се среќава со Естонија и Русија на стартот на квалификациите за ЕП.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира