КОШАРКАРСКАТА ЛЕГЕНДА КОБИ БРАЈАНТ ЗАГИНА ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА

    КОШАРКАРСКАТА ЛЕГЕНДА КОБИ БРАЈАНТ ЗАГИНА ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌАКоби Брајант, кој се пензионираше во 2016, ја помина целата 20-годишна кариера во Лос Анџелес Лејкерс. (Фото: Гети)

    Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, загина во хеликоптерска несреќа близу Лос Анџелес, потврди „Лос Анџелес Тајмс“. Во несреќата, покрај 41-годишниот Брајант, загинаа уште четворица. Со сопругата Ванеса има четири ќерки, a меѓу загинатите е и неговата 13-годишна ќерка Џана Марија Оноре.

    Брајант, кој се пензионираше во 2016, ја помина целата 20-годишна кариера во Лос Анџелес Лејкерс и освои пет шампионски титули во НБА. Со американската репрезентација освои златен медал на Олимпијадите во Пекинг (2008) и во Лондон (2012).

    Во 2018, Брајант доби Оскар за кус анимиран филм за „Драга кошарка“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира