КОСОВСКИ НОВИНАР ИЗБРКАН ОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ЗАШТО ГИ ПРОВОЦИРАШЕ СРПСКИТЕ НАВИВАЧИ

    КОСОВСКИ НОВИНАР ИЗБРКАН ОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ЗАШТО ГИ ПРОВОЦИРАШЕ СРПСКИТЕ НАВИВАЧИАрлинд Садику се јавил во живо од позиција каде што биле сместени неколку илјади српски навивачи кога ги испровоцирал

    УЕФА го избрка косовскиот новинар Арлинд Садику од Европското првенство во Германија зашто ги провоцирал српските навивачи за време на мечот Србија-Англија. Садику, кој известува за ТВ-каналот „Артмоушн“, добил забрана да присуствува на прес-конференцијата на албанската репрезентација во вторникот и потоа му била одземена акредитацијата за следење на првенството.

    Од телевизијата на Садику потврдија дека неговата акредитација е поништена со моментален ефект поради недолично однесување на средбата Србија-Англија.

    Пред почетокот на мечот, Садику се јавил во живо од позиција каде што биле сместени неколку илјади српски навивачи и откако тие во еден момент почнале да скандираат „Косово е срцето на Србија“, тој се свртел кон нив и го покажал познатиот гест со рацете, со кој се имитира орел.

    По ова, Садику примил смртни закани преку социјалните мрежи, а Српската фудбалска федерација побара санкции за новинарот.

    „Мојата реакција беше инстинктивна и емотивна. Луѓето не знаат како сум се чувствувал во тој момент зашто имам трауми од војната. Знам дека тоа беше непрофесионално од новинарска гледна точка, но иако бев дете, не можам да заборавам што се случуваше за време на војната“, изјави Садику.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира