НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО КОНЕЧНО МУ ЈА ПОГОДИЈА СТАТУАТА

    НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО КОНЕЧНО МУ ЈА ПОГОДИЈА СТАТУАТАРазликата е очигледна. - Статуата од Мадеира и новата од Мадрид (Фото: Гети)

    Кристијано Роналдо, конечно, доби статуа на којашто изгледа убаво.

    Таа беше откриена во музејот на Реал Мадрид, што се наоѓа на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ и Роналдо и фановите овојпат навистина можат да бидат задоволни од неговата бронзена верзија.

    Нејзиниот автор е познатиот шпански уметник Хосе Антонио Наваро Артеага.

    „Користев неколку фотографии од Роналдо додека ја правев бистата. Сакав да ја нагласам неговата внатрешна сила кога се подготвува да изведе слободен удар или корнер“, изјави Наваро Артеага.

    Претходниот обид Роналдо да се направи бесмртен предизвика многу потсмев во јавноста.

    Станува збор за делото на португалскиот вајар Емануел Сантош, кое беше поставено и сѐ уште стои на аеродромот во Мадеира, што го носи името на најдобриот светски фудбалер.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира