ЛЕБРОН ЏЕЈМС ПОТПИША ЗА ЛЕЈКЕРС ЗА 154 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    ЛЕБРОН ЏЕЈМС ПОТПИША ЗА ЛЕЈКЕРС ЗА 154 МИЛИОНИ ДОЛАРИПо Мајами и Кливленд, на ред е да му донесе големо финале и титула и на Лејкерс. - Леброн Џејмс (Фото: Ројтерс)

    Еден од најдобрите светски кошаркари Леброн Џејмс ќе ја продолжи кариерата во Лос Анџелес лејкерс, со кој потпиша четиригодишен договор, вреден 154 милиони долари.

    Триесет и тригодишниот Џејмс стана слободен агент на 1 јули, откако по четири сезони по вторпат го напушти својот матичен клуб Кливленд.

    „Му благодарам на северно Охајо за четирите неверојатни сезони. Тоа секогаш ќе биде мој дом“, напиша Џејмс на Инстаграм.

    Иако полека станува ветеран за НБА-условите, Џејмс сѐ уште е играч кој е способен да ги одведе своите тимови до големото финале, на што Лејкерс чека од 2010 година, кога ја освои својата последна, 16. титула.

    Џејмс беше драфтуван од Кливленд во 2003 година, но првиот шампионски прстен го освои со Мајами во 2012 година, за да ја одбрани титулата наредната сезона. Во Кливленд се врати во 2014 година и две сезони подоцна го предводеше до првата титула во историјата на клубот. Севкупно, тој осум сезони по ред играше во големото финале и четири пати беше прогласен за МВП.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира