ЛУИС ЕНРИКЕ СЕ ВРАЌА НА КЛУПАТА НА ШПАНИЈА ТРИ МЕСЕЦИ ПО СМРТТА НА ЌЕРКА МУ

    ЛУИС ЕНРИКЕ СЕ ВРАЌА НА КЛУПАТА НА ШПАНИЈА ТРИ МЕСЕЦИ ПО СМРТТА НА ЌЕРКА МУРоберто Морено сепак нема да ја води Шпанија на Европското првенство 2020 (Фото: Гети)

    Луис Енрике се враќа на клупата на шпанската репрезентација три месеци по смртта на деветгодишната ќерка.

    Тој поднесе оставка два месеца порано, без да ги наведе причините за својот потег и во тоа време уште не беше познато дека неговата ќерка се бори со редок облик на рак на коски. Енрике беше заменет од неговиот помошник Роберто Морено, кој синоќа во солзи го напушти стадионот „Метрополитано“ во Мадрид по победата над Романија од 5:0, со која Шпанија го потврди пласманот на Европското првенство 2020. Играчите исто така не зборуваа со медиумите.

    Тоа ќе биде петта промена на селекторската клупа на Шпанија од јуни 2018. Хулен Лопетеги беше сменет во пресрет на Светското првенство во Русија, каде што Шпанија ја водеше Фернандо Јеро, по што дојде Енрике.

    Морено беше именуван како привремено решение, со договор до следното лето, но кажа дека ќе се повлече доколку Енрике одлучи да се врати.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира