МАЈК ТАЈСОН СЕ ВРАЌА ВО РИНГ ПО 15 ГОДИНИ ПАУЗА

    МАЈК ТАЈСОН СЕ ВРАЌА ВО РИНГ ПО 15 ГОДИНИ ПАУЗАТајсон ќе се соочи со Рој Џонс во Лос Анџелес на 12 септември (Фото: Ројтерс)

    Боксерската легенда Мајк Тајсон го потврди своето враќање во ринг по 15 години пауза, а неговиот противник ќе биде поранешниот светски првак во четири категории Рој Џонс Џуниор. Тоа ќе биде егзибициски меч, што ќе се одржи во Лос Анџелес на 12 септември.

    Педесет и четиригодишниот Тајсон за последен пат боксуваше професионално во 2005 година, кога загуби од Ирецот Кевин Мекбрајд, што му беше шестиот пораз во 50 мечеви во кариерата. Борбата Тајсон-Џонс ќе има осум рунди.

    „Тоа ќе биде како борба на Давид и Голијат“, изјави 51-годишниот Џонс, кој се повлече во 2018.

    Тајсон стана најмладиот светски првак во тешка категорија кога на 20 години го нокаутираше Тревор Бербик во 1986 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира