МАКЕДОНИЈА ГО ПОБЕДИ КОСОВО И ЌЕ ИГРА СО ГРУЗИЈА ЗА СВОЕТО ПРВО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

    МАКЕДОНИЈА ГО ПОБЕДИ КОСОВО И ЌЕ ИГРА СО ГРУЗИЈА ЗА СВОЕТО ПРВО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВОМакедонија ќе ѝ гостува на Грузија на 12 ноември (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонската фудбалска репрезентација го победи Косово со 2:1 во полуфиналето на плеј-офот на Лигата на нации и дојде на чекор до својот прв пласман на европските првенства.

    Македонија поведе на празната арена „Тодор Проески“ во 16. минута, откако Колољи ја сврте топката во сопствената мрежа по ударот на Ристовски. Косово доби подарок во 29. минута, кога по големата грешка на голманот Димитриевски и Несторовски, Хадерѓонај погоди за 1:1, но само четири минути подоцна, Велковски постигна гол, што се покажа и победнички.

    Македонија ќе ѝ гостува на Грузија во Тбилиси на 12 ноември и победникот ќе обезбеди пласман на Европското првенство, што од оваа година беше префрлено во 2021.

    Г. КОНЕВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира