Македонската ракометна репрезентација денеска во Скопје ја победи репрезентацијата на Литванија и со победата оди на Европското првенство во 2026.
Ракометарите ќе одат на своето деветто Европско првенство, осмо по ред, на кое домаќини ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Европското првенство ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари следната година.
Ракометарите со селекторот Кирил Лазаров пред полните трибини во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ја совладаа Литванија со 26-17 во последниот квалификациски меч. Гостите беа рамноправен противник едно полувреме, после следеше доминација на Македонија.
Ждрепката за групите на ЕП 2026 ќе се одржи на 15 мај во данскиот град Хернинг.
Од групата во која е Македонија, пласман на ЕП уште во март обезбеди селекцијата на Естонија.