МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА ОДБОЈКАРИ ВО 2023

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА ОДБОЈКАРИ ВО 2023Одбојкарите добија можност да играат на три европски првенства по ред (Фото: СДК.МК)

    Македонија ќе биде еден од домаќините на Европското првенство за одбојкари во 2023 година, потврди денеска претседателот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Александар Боричиќ.

    Со тоа, и најдобрите македонски одбојкари ќе задржат континуитет во настапите на европските првенства, откако дебитираа пред две години во Словенија и имаат обезбеден пласман на следното, што ќе се игра во септември во Чешка, Финска, Естонија и Полска.

    Боричиќ на денешната средба со премиерот Зоран Заев во Скопје кажа дека ЦЕВ ја прифатила апликацијата на Одбојкарска федерација на Македонија да биде домаќин на една од групите.

    Претходно во 2022, Македонија ќе го организира и Европското првенство за одбојкарки до 19 години.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира