МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ПОЧНЕ ГЛАВНАТА ФАЗА НА ЕВРОПСКОТО КАКО ЛИДЕР НА ГРУПАТА ВО ВАРАЖДИН

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ПОЧНЕ ГЛАВНАТА ФАЗА НА ЕВРОПСКОТО КАКО ЛИДЕР НА ГРУПАТА ВО ВАРАЖДИНТимот на Раул Гонсалес е единствениот што пренесува три бода во групата во Вараждин. - Македонските ракометари по ремито со Германија (Фото: ХРС/Небојша Тејиќ)

    Македонската ракометна репрезентација ќе стартува како лидер во својата група од главната фаза на Европското првенство во Хрватска, како единствена селекција која што пренесува три бода од прелиминарната фаза.

    Од останатите репрезентации во групата, Германија, Шпанија, Данска и Чешка имаат по два бода, додека Словенците имаат само еден бод.

    Во втората фаза од првенството во Хрватска, во која што Македонија ќе ги игра натпреварите во Вараждин, в недела тимот на Раул Гонсалес игра со Шпанија, потоа во вторник со Чешка и на крајот, в среда, со Данска.

    Пласман в полуфиналето обезбедуваат двете првопласирани селекции од двете групи од главната фаза.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари