МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ИТАЛИЈА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ПЛЕЈОФОТ ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР

    МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ИТАЛИЈА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ПЛЕЈОФОТ ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАТАРМакедонија ќе биде гостин во полуфиналето закажано за 24 март 2022 (Фото: ФФМ)

    Македонската фудбалска репрезентација ќе игра со европскиот првак Италија во полуфиналето на плејофот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар, а доколку победи, потоа ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Португалија и Турција.

    Македонија беше меѓу неносителите на денешната ждрепка во Цирих, што значи дека на првата средба ќе биде гостин.

    Од овој циклус, плејофот се игра според нов систем, кој се состои од три групи со по четири селекции. Полуфиналињата се закажани за 24 март 2022, а финалните дуели се пет дена подоцна, кога ќе се добијат и патниците на Мундијалот.

    Групата Ц, во која се најде Македонија, ќе ја донесе најатрактивната борба за место на Мундијалот, со можно вкрстување на Италија и Португалија. На првиот турнир ќе играат Шкотска-Украина и Велс-Австрија, а на вториот Русија-Полска и Шведска-Чешка.

    Од Европа, директен пласман на СП обезбедија само првопласираните селекции во квалификациските групи: Германија, Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија и Холандија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира