МАКЕДОНИЈА РЕМИЗИРАШЕ СО ИТАЛИЈА И ЈА ПРАТИ ВО БАРАЖ ЗА МУНДИЈАЛОТ

    МАКЕДОНИЈА РЕМИЗИРАШЕ СО ИТАЛИЈА И ЈА ПРАТИ ВО БАРАЖ ЗА МУНДИЈАЛОТДаде придонес во големиот резултат со асистенција. - Горан Пандев во дуел со Марко Пароло (Фото: Ла Стампа)

    Македонската фудбалска репрезентација го оствари еден од највредните резултати на официјални натпревари, откако на гостувањето во Торино одигра 1:1 против четирикратниот светски првак Италија, во претпоследното коло од квалификациите за Светското првенство 2018 во Русија.

    Освен сатисфакција, овој резултат нема да ѝ донесе на Македонија напредок на табелата, па квалификациите сигурно ќе ги заврши на претпоследното, петто место во Г-групата.

    Во последното коло, Македонија го пречекува Лихтенштајн, но има ненадоместливи четири бода помалку од четвртопласираниот Израел.

    Најдобрите македонски фудбалери ретко се закануваа по голот на Џиџи Буфон, но во 77. минута ја изненадија домашната одбрана, кога Горан Пандев во една полуконтра го проигра резервистот Александар Трајковски, кој потоа го постигна својот десетти гол во репрезентативниот дрес.

    Италија поведе во 40. минута преку Џорџо Кјелини и со овој бод ги загуби сите шанси за пласман на првото место. Шпанија со тоа оди директно на СП, а Италија ќе мора да игра бараж.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира