Македонската фудбалска репрезентација се падна во најтешката група на Европското првенство за играчи до 21 година на денешната ждрепка во Краков, Полска. Покрај Македонија, во групата Б се најдоа Португалија, Србија и Шпанија.
На шампионатот во Полска следната година, тимот на селекторот Благоја Милевски ќе дебитира на 17 јуни со дуелот против Шпанија. На 20 јуни, Македонија ќе игра со Португалија во Бидгошч и натпреварите од фазата на групи ќе ги заврши со Србија на 23 јуни во Гдиња.
На Европското првенство учествуваат 12 селекции, поделени во три групи. Во полуфиналето одат првопласираните три тима и најдобрата екипа од второпласираните.
Г. МИХАЈЛОВСКИ