Македонија загуби со 2:1 од Украина во вториот меч на Европското првенство, во Букурешт. Украинците поведоа со головите на Андриј Јармоленко во 29. минута и Роман Јаремчук во 34. минута, а за „црвено-жолтите“ голот го постигна Езѓан Алиоски во 57. минута.
Украинците не реализираа пенал во 84. минута, кога Столе Димитриевски го одбрани ударот на Руслан Малиновски, но македонската репрезентација до крајот не успеа да го израмни резултатот.
Во првото коло од групата Ц, Македонија загуби од Австрија со 3:1, а избраниците на селекторот Игор Ангеловски во последното коло од фазата на групи играат со Холандија, во Амстердам на 21 јуни.
Вечерва, во другиот меч од групата, играат Холандија и Австрија. Холандија ја победи Украина со 3:2 во првото коло.