Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство во Австрија со пораз од домаќинот со 32:28 во третото коло од групата Б. Македонските ракометари не успеаја да ја поминат првата фаза само на дебито на европските првенства, пред 22 години во Италија.
Во Виена, „црвено-жолтите“ победија само на првиот меч, против Украина, за потоа да загубат од Чешка, која игра подоцна со Украина, но тој меч за нас нема значење.
„Долг е патот ако сакаме да направиме добра репрезентација. Дали со мене или без мене, не знам. Мислам дека во наредниот период треба да ризикуваме на едно првенство со подмладување на репрезентација“, изјави селекторот Данило Брестовац по мечот со Австрија.
Од нашата група, Австрија сигурно оди понатаму со максимални шест бода.