МАКРОН ПОЛУДЕ ОД РАДОСТ ПО ТРИУМФОТ НА ФРАНЦИЈА ВО ФИНАЛЕТО НА МУНДИЈАЛОТ

    МАКРОН ПОЛУДЕ ОД РАДОСТ ПО ТРИУМФОТ НА ФРАНЦИЈА ВО ФИНАЛЕТО НА МУНДИЈАЛОТЕмануел Макрон скокаше од радост како и секој друг навивач за време на финалниот меч (Фото: Ројтерс)

    Претседателот Емануел Макрон не ги криеше своите емоции по триумфот на Франција во финалето на Светското првенство во Русија.

    (Фото: Ројтерс)

    Иако седеше во ВИП-ложата на стадионот „Лужники“, тој скокаше од радост како и секој друг навивач, на мечот на којшто Франција ја совлада Хрватска со 4:2, за да ја освои својата втора светска титула, две години по разочарувачкиот пораз од Португалија во финалето на Европското првенство на домашен терен.

    Макрон ги гушна и бакна сите француски играчи на церемонијата на доделувањето на медалите и пехарот, иако во тој момент се отвори небото над Москва и почна да врне. Тој им се придружил на фудбалерите на веселбата и во соблекувалната.

    Во исто време, Французите масовно излегоа на улиците на градовите за да го прослават големиот триумф.

    (Фото: Гети)

    Монпелје (Фото: АФП)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира