МАНЧЕСТЕР ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ СОЛШЕР

    МАНЧЕСТЕР ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ СОЛШЕРСолшер заминува од клубот без освоен трофеј (Фото: Гети)

    Оле Гунар Солшер доби отказ од Манчестер јунајтед ден по поразот од Вотфорд со 1:4, по кој екипата падна на седмото место со 12 бода помалку од лидерот Челзи. Јунајтед има само една победа на последните седум лигашки натпревари, меѓу кои е и срамниот пораз од Ливерпул од 0:5 на домашен терен.

    „Со големо жалење ја донесовме оваа тешка одлука. Иако изминатите неколку недели беа разочарувачки, тие не треба да ја засенат целата работа што беше направена во последните три години“, соопшти клубот.

    Некогашниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ се врати во клубот во декември 2018, прво како привремено тренерско решение по отказот за Жозе Мурињо. Во март 2019 потпиша три и полгодишен договор, што летоска беше продолжен до 2024. Тој заминува од клубот без освоен трофеј.

    Во наредниот период екипата ќе ја води уште еден бивш играч, Мајкл Керик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира