МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ ЕРИК ТЕН ХАГ

    МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ ЕРИК ТЕН ХАГМанчестер лошо влезе во новата сезона под водство на Тен Хаг

    Манчестер јунајтед го отпушти тренерот Ерик тен Хаг по две и пол години на клупата. Бордот на клубот утрово го известил Холанѓанецот за одлуката, ден по поразот на Јунајтед од Вест Хем во Премиерлигата.

    За привремен тренер е назначен досегашниот помошник на Тен Хаг, Руд ван Нистелрој, кој пет години играше за клубот.

    Манчестер лошо влезе во новата сезона и моментално се наоѓа на 14. место на табелата, откако забележа три победи во првите девет кола и постигна само осум гола. Тен Хаг беше под огромен притисок и по завршувањето на минатата сезона, но си го продолжи престојот со освојувањето на ФА купот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира