МАНЧЕСТЕР СИТИ И ЧЕЛЗИ ИЗЛЕГУВААТ ОД ЕВРОПСКАТА СУПЕРЛИГА

    МАНЧЕСТЕР СИТИ И ЧЕЛЗИ ИЗЛЕГУВААТ ОД ЕВРОПСКАТА СУПЕРЛИГАФановите на Челзи денеска се собраа пред стадионот „Стемфорд бриџ“ за да протестираат против новата лига

    Манчестер сити објави дека се повлекол од Европската Суперлига (ЕСЛ), а неговиот пример ќе го следи и Челзи. Ова следува само два дена откако беше обелоденето дека тие ќе бидат меѓу шест англиски екипи кои ќе играат во новото елитно клупско натпреварување, кое се заканува да предизвика раскол во светот на фудбалот.

    УЕФА, ФИФА, Европската асоцијација на клубови, навивачките здруженија и националните лиги го осудија проектот и ветија дека со сите сили ќе се борат да не се оствари, при што се најавени и жестоки санкции. Во Суперлигата би играле 20 клуба, а како основачи беа објавени Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Милан, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико.

    Челзи, пред чиј стадион денеска се собраа 1.000 навивачи за да протестираат, беше првиот англиски клуб кој навести дека ќе се повлече од ЕСЛ, следен од Сити. Нејасно е со колку цврсти договори се врзани за проектот.

    Одлуката за повлекувањето на Челзи ја донесол лично Роман Абрамович, откако ги видел лошите реакции низ цел свет.

    Премиерот Борис Џонсон денеска се сретна со челниците на Фудбалската асоцијација на Англија и на Премиерлигата и вети дека владата ќе ги преземе сите можни мерки за да се сопре проектот, добивајќи поддршка и од опозициските партии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира