МАРИ ОСТАНУВА БРОЈ ЕДЕН ПО ДОМИНАНТНАТА ПОБЕДА НАД ЃОКОВИЌ ВО ФИНАЛЕТО ВО ЛОНДОН

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Лондон,(разниизвори)

    МАРИ ОСТАНУВА БРОЈ ЕДЕН ПО ДОМИНАНТНАТА ПОБЕДА НАД ЃОКОВИЌ ВО ФИНАЛЕТО ВО ЛОНДОН

    Енди Мари го обезбеди првото место на АТП листата на крајот од годината и првата титула на финалниот турнир во Лондон, победувајќи го Новак Ѓоковиќ со 6:3, 6:4 во последниот тениски меч во сезоната.

    Британскиот тенисер, кој годинава триумфираше и на Вимблдон и го освои златото на Олимпијадата во Рио, го презеде првото место од Србинот пред две недели и со победата во финалето во Лондон не му дозволи на Ѓоковиќ да се врати на врвот.

    „Ова е специјален ден за мене, толку многу дуели имав во гренд слем финалињата против Ѓоковиќ. Ова ривалство е многу тешко за мене, многу пати губев и не очекував дека вакво нешто може да се случи“, беше првата реакција на Британецот по победата.

    Ѓоковиќ призна дека Мари во моментов е подобар тенисер.

    „Можам да бидам горд на првите шест месеци, денеска сме дел од историјата. Чест е да се биде дел од ваков настан. Тој сега дефинитивно е број еден и ја заслужи победата. Јас бев се подобар како поминуваше времето, но доцна се разбудив“,искоментира Ѓоковиќ по мечот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира