МБАПЕ ПОТПИША ДОГОВОР СО РЕАЛ МАДРИД

    МБАПЕ ПОТПИША ДОГОВОР СО РЕАЛ МАДРИДМбапе потпиша договор со Реал Мадрид и ќе се пресели во Шпанија кога ќе се отвори преодниот рок во Ла Лига на 1 јули. (Фото: Гети)

    Килијан Мбапе потпиша договор да игра за Реал Мадрид на слободен трансфер кога неговиот договор со Пари Сен Жермен (ПСЖ) ќе истече на 30 јуни.

    Францускиот напаѓач вербално се согласи да се пресели на Бернабеу во февруари, а потоа во мај објави дека ќе го напушти ПСЖ на крајот од сезоната.

    25-годишниот Мбапе сега потпиша договор со Реал Мадрид и ќе се пресели во Шпанија кога ќе се отвори преодниот рок во Ла Лига на 1 јули. Се очекува Реал да го објави договорот следната недела и формално да го претстави напаѓачот на Бернабеу пред Евро 2024.

    Мбапе, победник на Светското првенство во 2018, е рекорден стрелец на ПСЖ со 256 гола откако дојде од Монако на почетна позајмица во 2017.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира