МЕ ПОГОДИ СМРТТА НА АМФИЛОХИЈЕ, АМА И ОНАКА НЕ МИ СЕ ИГРАШЕ, КАЖА ЃОКОВИЌ ПО ИЗНЕНАДУВАЧКИОТ ПОРАЗ ВО ВИЕНА

    МЕ ПОГОДИ СМРТТА НА АМФИЛОХИЈЕ, АМА И ОНАКА НЕ МИ СЕ ИГРАШЕ, КАЖА ЃОКОВИЌ ПО ИЗНЕНАДУВАЧКИОТ ПОРАЗ ВО ВИЕНАСветскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ вчера загуби со 6:2, 6:1 во четврт-финалето на Ерсте Опен. (Фото: АТП)

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја спомена смртта на свештеникот Амфилохије како една од причините за невообичаено убедливиот пораз од Лоренсо Сонего на турнирот во Виена, но вели дека секако не му се играло. Светскиот рекет број еден вчера загуби со 6:2, 6:1 во четврт-финалето на Ерсте Опен, што беше негов прв пораз од играч надвор од топ 40 уште од Ролан Гарос 2018.

    По мечот, тој беше прашан дали смртта на српскиот митрополит Амфилохије влијаела на неговата игра.

    „Не ми се играше, да бидам искрен. Не влијаеше толку на мојата игра таа тажна вест. Да, влијаеше, но не во толкава мера поради тоа да не можам да играм. Генерално, не ми се играше. Сега ќе бидам некое време со семејството. Се враќам во Србија и се радувам за тоа“, одговори Ѓоковиќ.

    Митрополитот црногорски-приморски Амфилохије почина вчера во Клиничкиот центар во Подгорица, каде што од 6 октомври беше хоспитализиран поради ковид-19.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира