МЕСИ КОНЕЧНО ГО СОВЛАДА БУФОН

    МЕСИ КОНЕЧНО ГО СОВЛАДА БУФОН315 минути не можеше да му даде гол на Буфон, - Лео Меси (Фото: Гети)

    Лео Меси, конечно, успеа да му даде гол на Џанлуиџи Буфон, откако Барселона го совлада Јувентус со 3:0 на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.

    Ова беше реприза на четврт-финалето од минатата сезона, кога Јувентус ја елиминираше Барселона, а Меси ги загуби сите директни дуели со легендарниот италијански голман.

    Аргентинецот сега беше стрелец на два гола, прекинувајќи го постот во 45. минута, а уште еден додаде Иван Ракитиќ.

    Меси претходно не успеа да го совлада Буфон на четири меѓусебни средби, односно цели 315 минути.

    Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ги одигра своите први минути во Лигата на шампионите, и тоа во победата на Спортинг Лисабон над Олимпијакос со 3:2 на гостински терен. Тој влезе во игра во 87. минута.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира