Откупната клаузула од 700 милиони евра во договорот на Лео Меси со Барселона и натаму е валидна, пресуди Ла Лига.
Меси во вторникот побара од клубот да му биде дозволено да си замине и не се појави на денешните лекарски прегледи пред стартот на новата сезона. Аргентинецот притоа се повика на клаузула која му дозволува веднаш да си замине како слободен играч, но Барселона тврди дека таа истекла на 10 јуни, со што договорот автоматски му е продолжен до 2021 година.
Од лигата сега соопштија дека нема да го отпишат Меси доколку не биде исполнета клаузулата од 700 милиони евра.
„Ла Лига нема да одобри барање за отпишување на играчот од Шпанската фудбалска федерација, освен доколку не биде платена сумата од клаузулата за ослободување“, соопшти Ла Лига.
Меси утрово требаше да се појави на тренинг на Барселона, но тоа не се случи.