Лео Меси сепак не се враќа дома по првата фаза од Светското првенство во Русија, откако Аргентина на драматичен начин ја совлада Нигерија со 2:1, за да го освои второто место во Д-групата.
Во прилог ѝ одеше и резултатот од другиот натпревар од групата, на којшто Хрватска го победи Исланд со 2:1 и со максимални девет бода го одбрани првото место.
Светскиот вицепрвак беше на работ на елиминација, кога дефанзивецот Маркус Рохо во 86. минута ја затресе мрежата на Нигерија, која на стартот на второто полувреме израмни на 1:1 од белата точка и потоа не искористи уште две големи шанси.
Во осминафиналето, Аргентина ја чека дуел со поранешниот светски првак Франција, додека Хрватска оди на Данска.