МЕСИ СИ ОДИ ОД БАРСЕЛОНА

    МЕСИ СИ ОДИ ОД БАРСЕЛОНАМеси се согласил да остане во клубот за помала плата, но Барселона и тоа не можела да си го дозволи (Фото: Гети)

    Лео Меси нема да остане во Барселона поради финансиски и структурални пречки, објави клубот. Аргентинецот стана слободен играч на 1 јуни откако му истече договорот, што значи дека без обесштетување ќе може да премине во друг клуб. Тој прифатил нов договор со намалена плата за дури 50%, но поради долгот од над една милијарда евра, Барселона мораше да продаде неколкумина играчи за да ги задоволи неговите финансиски побарувања.

    „Двете страни жалат што желбите на играчот и на клубот нема да бидат исполнети“, објави Барселона.

    Клубот притоа ја обвини Ла Лига за неуспехот да потпише нов договор со Меси.

    „Иако Барселона и Лео Меси постигнаа договор и двете страни имаа јасни намери да го потпишат денеска, тоа не може да се случи поради финансиските и структуралните пречки поставени од Ла Лига. Барселона му изразува огромна благодарност на Меси и му посакува сè најдобро во иднината“, соопшти Барселона.

    Меси дојде во клубот како 13-годишник и тука се промовираше во еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, освојувајќи ги Златната топка рекордни шест пати. шпанското првенство десет пати и Лигата на шампионите четири пати. Тој е рекордер на клубот со 672 постигнати гола.

    Останува непознато која е неговата следна дестинација, бидејќи малку клубови можат да си го дозволат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира