МЕСУТ ОЗИЛ ОБЈАВИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕ САКА ДА ИГРА ЗА ГЕРМАНИЈА

    МЕСУТ ОЗИЛ ОБЈАВИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕ САКА ДА ИГРА ЗА ГЕРМАНИЈАОзил и Илкај Гундоган беа остро критикувани откако се сликаа со Ердоган еден месец пред почетокот на Светското првенство (Фото: Гети)

    Месут Озил објави дека веќе не сака да игра за репрезентацијата на Германија, откако се соочи со жестоки критики од јавноста не само за слабата игра на Светското првенство во Русија, туку и зашто се сликаше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    Дваесет и деветгодишниот плејмејкер на Арсенал изјави дека поради третманот од Германската фудбалска федерација „веќе немал желба да го носи дресот на Германија“.

    Тој, исто така, кажа дека бил обвинет за катастрофалниот настап на Германија на Мундијалот, кадешто ја завршија одбраната на титулата уште во групната фаза.

    Во мај, само еден месец пред почетокот на Светското првенство, Озил и неговиот репрезентативен колега Илкај Гундоган се фотографираа со Ердоган на еден промотивен настан во Лондон, за што беа остро критикувани, како од јавноста, така и од фудбалската федерација. Озил се правдаше дека тогаш зборувале само за фудбалот.

    „Ќе покажев големо непочитување кон моите претци доколку одбиев да се сликам“, изјави Озил, додавајќи дека потоа примил закани по телефон и на социјалните мрежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира